Позитивен финансиски резултат на ТТК Банка во првото полугодие

f6baf260-9354-43d5-89cd-8c955204a769Во текот на првото полугодие од 2013 година ТТК Банка АД Скопје остварила позитивен финансиски резултат кој изнесува 34,5 милиони денари (околу 560.000 евра), се вели во денешното соопштение на банката.

Ова е речиси двојно повисок резултат во однос на финансискиот резултат во истиот период лани.

Во соопштението се додава дека добивката пред исправка на вредност, која е показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 30,9% повисока во однос на истиот период минатата година.

Нето приходите од камати бележат зголемување од 21,5% во однос на истиот период минатата година, како резултат пред се, на намалувањето на каматните расходи, но и од зголемeните каматните приходи.

Во првото полугодие од 2013 година нето приходите од провизии и надоместоци, во однос на истиот период минатата година бележат зголемување од 2,6%.

За позитивното финансиско остварување придонесоа и активно преземените мерки во делот на наплатата на побарувањата како и рационалното управување со оперативните трошоци, стои во соопштението.