Зголемен интензитет на сообраќај надвор од градските средини

33

На патниот правец А-1 делница Миладиновци – Куманово во двата правци се врши геодетско снимање на споменатиот патен правец, се препорачува внимателно управување со возилата поради присуство на работници на споменатиот патен правец.

Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот. За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, поставeнa e соодветна сообраќајна сигнализација (табли).

На патниот правец Гостивар – Охрид има ограничен режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00 – 24:00 часот, сабота и недела 07:00 – 24:00 часот.

На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини Табановце и Богородица и покрај зголемената фреквенција на возила, задржувањата се околу 20 минути. На останатите гранични премини нема подолготрајни задржувања. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.