Кардано го продолжува својот подем, достигнувајќи рекордни височини

97

Иако релативно брзото закрепнување на Биткоин до 50.000 долари е импресивно, Кардано (АДА) поставува нови рекорди.

Цената на Кардано се искачи на нов рекорд на 23 август, достигнувајќи 2,84 долари, според „CoinMarketCap“.

АДА е близу до нивото на продолжување на „фиб проширување“* од 127,2% (околу 2,86 американски долари).

Доколку цената на Кардано успее да се пробие над гореспоменатото ниво на отпор, АДА ќе има за цел скок од 20% до нивото од 161,8% на „фиб проширување“ околу 3,37 долари.

Додека скоро 100% од инвеститорите на АДА веќе остваруваат профит, се чини дека цената на Кардано расте заедно со растечките позитивни чувства во пресрет на започнувањето на паметни договори во септември.

Ќе се воведат паметни договори кои ќе овозможат мрежата да стане водечки конкурент во индустријата за програмирање блокчејн со цел да ги прошири решенијата што може да им ги понуди на своите корисници.

Новата функционалност дури ќе овозможи вклучување апликации како што се децентрализирани финансиски (DeFi) платформи. Кардано ќе биде во подобра позиција да се натпреварува со Етереум, водечкиот блокчејн во однос на паметните договори.

Иако „биковите“ ја преземаат контролата на пазарот, АДА сепак може да претрпи корекција. Цената на Кардано ќе најде значителна поддршка на врвот на 16 мај од 2,46 долари, пред да се сруши до врвот на 14 август, на 2,25 долари.

Ако притисокот во продажбата значително се зголеми, цената на Кардано може да го тестира нивото на „фиб проширување“ од 78,6% на 2,15 долари. Со оглед на моменталните пазарни услови, не се очекува пониско ниво за АДА.

*Fibonacci extensions се начин да се воспостават ценовни цели или да се најдат проектирани области за поддршка или отпор, кога цената се движи во област каде што другите методи за наоѓање поддршка или отпор не се применливи или очигледни. Ако цената се движи низ едно ниво на продолжување, може да продолжи да се движи кон следното.