Google, Facebook и Microsoft трошат најмногу за лобирање во ЕУ

61

Google, Facebook и Microsoft трошат најмногу за лобирање во Европската унија за да влијаат врз новите, построги регулативи што треба да ја ограничат моќта на американските технолошки гиганти, покажа студијата објавена во вторникот.

Corporate Europe Observatory и LobbyControl организациите откриле дека 612 компании, групи и здруженија трошат повеќе од 97 милиони евра годишно на лобирање за да влијаат на европската политика кон дигиталната економија.

Google троши најмногу, 5,75 милиони евра, покажа истражувањето. Потоа следат Facebook со 5,5 милиони евра, Microsoft со 5,25 милиони, Apple со 3,5 милиони, Huawei Technologies Co. Ltd со три милиони и Amazon.com Inc со 2,75 милиони евра.

Компаниите ги доставија податоците до Европскиот регистар за транспарентност до средината на јуни годинава.

Трошоците за технолошкиот сектор за лобирање ги надминуваат дури и оние на фармацевтските и финансиските компании, како и производителите на фосилни горива и хемикалии, кои беа најдарежливи досега, открија Corporate Europe Observatory и LobbyControl.

„Зголеменото влијание на лобирање на големите технолошки компании и дигиталната индустрија во целина ја одразува нивната огромна и сe поважна улога во општеството“, заклучуваат тие.

Податоците треба да алармираат и да ги охрабрат законодавците на ЕУ да ги заострат нацрт -законите и регулативите за лобирање, предупредуваат двете организации.

„Трошењето е огромно и треба да загрижува дека платформите ќе ја искористат својата моќ за да направат нивниот глас во дебатата за новите регулативи за дигитални платформи да ги надмине спротивставените и критички гласови“, додаваат тие.

Google и Huawei во коментар за истражувањето забележаа дека поднесуваат податоци за лобирање до регистарот за транспарентност на ЕУ.

„Усвоивме јасни мерки за заштита на независноста на луѓето и организациите што ги спонзорираме, вклучително и барањето за откривање податоци за финансирање“, рече Google.

„Европската унија беше и останува важен чинител на Microsoft. Се стремиме да бидеме конструктивен и транспарентен партнер на европските креатори на политики “, стои во соопштението на американскиот софтверски гигант.

Facebook Apple и Amazon не ја коментираа оваа анкета.

Лобирањето на технолошките компании се фокусира на клучниот европски закон за дигиталните пазари, кој дефинира што смеат, а што не, технолошките гиганти. Законот за дигитални услуги е исто така важен за нив, бидејќи бара од нив да вложат повеќе напори за контрола на објавената содржина.

Авторите на студијата предупредуваат на пристапот на дигиталниот сектор кон Европската комисија, истакнувајќи дека лобистите учествувале во три четвртини од состаноците на службениците на ЕК за два нацрт -закони, од кои вкупно 270.

Тие забележуваат дека деловните асоцијации, институти, па дури и политичките партии, исто така, играат улога во промовирањето на наративите за технолошката индустрија.