Кинескиот државен фонд остварува двоцифрен профит од странски инвестиции

51

Кинеската инвестициска корпорација (КИК) објави нето годишен приход од 14,07 проценти од нејзините инвестиции во долари, во текот на минатата година.

Така, десетгодишниот нето приход на компанијата во странство изнесува 6,82 проценти, 128 поени повеќе од очекуваното, се наведува во годишниот извештај објавен од кинескиот државен фонд.

Вкупните средства на КИК се зголемија на 1,2 милијарди долари до крајот на 2020 година, пренесе Бета.

Компанијата управуваше со државни средства во вредност од 5,19 трилиони јуани (801,05 милијарди долари) на крајот на 2020 година, покажаа податоците од извештајот.