Како да формирате успешен тим?

101
Startup Stock Photos

Фото: Startup Stock Photos

Ако сте работеле во тим, односно во група со повеќе поединци, тогаш знаете дека тоа не е лесно. За добар и функционален тим потребно е да се изберат вистинските, тимски играчи, кои се подготвени на компромис и кои ќе можат заеднички да ги сработат задачите. Луѓето се разликуваат меѓу себе, а понекогаш разликите се толку големи што е тешко да се премостат и да функционираат како целина. Што да направите за да имате ефикасен работен тим?

Избегнувајте претерана кохезија

Сосема е природно повеќето луѓе да сакаат да работат со поединци коишто им се слични, односно со чии ставови и гледишта се совпаѓаат. Сепак премногу кохезија, односно сличност, понекогаш може да му наштети на тимот.

Внимавајте на демографските категории

Денес луѓето се класифицираат според полот, возраста, религијата, сексуалните склоности, нивото на образование… Организациите често избегнуваат да вработуваат постари работници или им даваат полесни задачи. Тоа е сосема погрешно. Од друга страна, ни младите без или со мало претходно искуство не се многу омилени кај работодавачите, што исто така е погрешно.

Поставете јасна цел и изберете го вистинскиот лидер

Поставете вистински и остварливи цели и гледајте на сите членови на тимот да им бидат јасни. Освен одредување на целта, важно е да се одбере вистинскиот лидер на тимот. Потребно е да се дефинира кој е лидерот на тимот и каков е неговиот стил на водење.