Пораст на прометот во индустријата

42

2012-11-28_LCFS-HardhatСпоред податоците на  Државниот завод за статистика индексот на прометот во индустријата во јуни се зголемил за 14,9% во однос на истиот месец лани.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јуни бележи опаѓање на годишно ниво од 6,3%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 27,7%.

Прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јуни  била на исто ниво, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 15,8%.

Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Енергија за 53,4%, интермедијарни производи, освен енергија за 1,9%, Капитални производи за 67,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 19,6%.

Индексот на прометот во индустријата во јуни на месечно ниво бележи пад од 5,1%, додека во првото полугодие од годината бележи раст од 6,9% во однос на периодот јануари-јуни 2012 година.