РСБСП: Возете внимателно и патувајте безбедно во текот на Новогодишните празници

Новогодишните празници се време за одмор и уживање, за радост, споделена среќа и дружење со најблиските! Токму затоа тие се и период на поголема раздвиженост на луѓето, зголемен број на возила на патиштата и повеќе патувања. Прославете ги одговорно и возете внимателно и безбедно. Не дозволувајте непромислена грешка во сообраќајот да го наруши спокојството и благодетот. Обрнете внимание на зголемената фрекфенција во сообраќајот, вклучете се во него совесно, возете одговорно и патувајте безбедно до посакуваната дестинација.

Заеднички интерес на сите нас е намалувањето на бројот на сообраќајни незгоди и подигањето на свеста за совесно учество во сообраќајот. Да покажеме дека културата на однесување во сообраќајот, особено за време на Новогодишните празници е на издигнато ниво. Заеднички да придонесеме за зголемувањето на безбедноста на секој учесник во сообраќајот.

РСБСП потсетува на непроценливата вредност на животот и на радоста што ја носи секој среќен момент поминат со најблиските. Затоа ги упатува следните препораки за возење во текот на Новогодишните празници:

  • не возете под дејство на алкохол
  • прилагодете ја брзината на условите на патот и почитувајте ги правилата за нејзиното ограничување
  • не го користете автомобилот доколку немате потреба
  • користете зимска опрема
  • возилото нека ви биде технички проверено и исправно
  • бидете постојано информирани за состојбата на патиштата
  • внимавајте на ниските температури и на појавите на снег и голомразица
  • не користете мобилен телефон додека возите
  • користете сигурносен појас
  • почитувајте ги правилата и сите учесници во сообраќајот.

РСБСП со апел: Бидете внимателни за време на Новогодишните празници. Возете одговорно и безбедно.  Новата 2022 година нека биде среќна и безбедна!