Живко Мукаетов, генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје и Живко Поповски, сликар, хуманист, новинар и општественик ја добија државната награда Мајка Тереза во 2013 година, за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност.
Наградите коишто ќе бидат врачени во понеделник во 12.00 часот во Порта Македонија, се доделуваат за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.