Интернетот на нештата (IoT) е целосно испреплетен во нашиот секојдневен живот; постои растечка мрежа на поврзани лаптопи, телефони, автомобили, фитнес-тракери – дури и паметни тостери и фрижидери – кои се повеќе се способни сами да донесуваат одлуки. Но, како да се погрижиме овие уреди да ни користат, а не да не искористуваат или да не загрозат?
Нова рамка
Новата работа на група експерти предводена од Френсин Берман од Универзитетот во Massachusetts Amherst предлага нова рамка, „impact universe“ што ќе им олесни на креаторите на политиката да го заштитат јавниот интерес во време на силна дигитална експанзија.
„Како да се увериме дека технологијата работи за нас, а не обратно? , прашува Берман, водечкиот автор на трудот објавен во магазинот Patterns, кој ги наведува основите на предложената „сфера на влијание“, односно социјалната контрола на системите и уредите во IoT.
Современите дигитални технологии се повеќе одлучуваат за нас. Но, како што вели Берман, „на технологијата и треба надзор од возрасен“.
Холистички пристап
Затоа, неопходно е холистички да се скицираат сите конфликтни импликации на одредена технологија, земајќи ги предвид еколошките, социјалните, економските и другите влијанија. Само така може да се развие ефективна политика, да се донесат мудри закони и да се воведат други начини на социјална контрола.
Наместо да се фокусираме на еден посакуван исход, како одржливост или профит, предложената сфера на влијание ни овозможува да ги видиме последиците од различните можни исходи и нивните меѓусебни односи.
Општо добро
Моделот предложен од Берман и соработниците го одразува нередот во реалниот живот и начинот на кој ги донесуваме одлуките, но исто така внесува јасност, така што носителите на одлуки можат да ги видат и дискутираат предностите и недостатоците на различните механизми за социјална контрола за регулирање на технологијата.
Оваа рамка, вели Берман, им овозможува на одговорните подобро да се фокусираат на општото добро. Тоа е начинот на кој треба да се оди ако сакаме дигиталните технологии да му служат на општеството без да нè совладаат и задушат.














