Купувањето преку Интернет продолжува да расте

55

Купувањето преку Интернет продолжува да расте како во светот, така и во Европа

Пандемијата го наруши купувањето во продавниците, а сето тоа имаше последици и за онлајн купувањето. Според податоците на „Евростат“, во 2021 година, 74% од луѓето на возраст меѓу 16 и 74 години нарачале стоки или услуги преку Интернет.

Најголем број луѓе кои купувале стоки или услуги преку интернет во минатата година е забележан во Холандија. Во оваа земја, дури 94 отсто од населението купило нешто преку Интернет.

По Холандија, на листата се Данска со 92 отсто и Шведска со 89 отсто.

Од другата страна на спектарот, најмалку се купувало во Романија и Бугарија. Во овие земји, нешто повеќе од 40 отсто од луѓето купуваат онлајн.

Во последните неколку години, најголем раст на онлајн купувањето е забележан во Чешка, Словенија и Унгарија.

Најчестата стока што луѓето ја купуваат преку Интернет е облеката и обувките. По овие производи, следува достава на храна од ресторани, брза храна и други угостителски објекти.

Потоа мебел, производи за домаќинство и градина, како и производи за козметика, убавина и здравје.

Ниту книгите и списанијата не поминуваат лошо, а електронските уреди како телефони, компјутери и таблети се на последно место.