Според него, германската автомобилска групација бара нови партнерства за да ја зголеми независноста во развојот на софтвер и да додаде голем број функции на своите брендови како гласовни асистенти, наведува Ројтерс.
Деис додаде дека Volkswagen работи на I.D. Space Vizzion и неговата SUV верзија, која ќе биде достапна во Северна Америка, а притоа ќе напредува кон идејата за кабриолет верзија на моделот ID.3.
Според шефот на најголемиот европски производител на автомобили, „добра идеја“ е да се изгради електричен пикап сличен на F150 Lightning на Ford.
Претходно, Дис предупреди дека VW би можел да биде принуден да го намали производството во својата главна фабрика во Волфсбург поради растечките тензии околу тоа како да се надгради постројката за да се подготви за електрична мобилност.
Иако групацијата постигна напредок во надминувањето на глобалната криза со чипови, ситуацијата во главната фабрика на Volkswagen останува нејасна, рече Дис за време на состанокот со претставниците на синдикатот.
„Волфсбург е многу погоден од ситуацијата со полупроводниците“, рече Дис, додавајќи: „Затоа, потребни се прилагодувања на капацитетот, вклучително и на среден рок“.
Недостатокот на јасност за тоа како треба да се модернизира фабриката во Волфсбург создаде тензии меѓу Дис и синдикалните лидери. Во ноември, извршниот директор навести дека се можни големи отпуштања на патот на концернот кон електрификација.
Volkswagen треба да изгради фабрика за електрични автомобили во својот комплекс во Волфсбург со годишен капацитет од приближно 250.000 возила, изјави лидерот на синдикатот Даниела Кавало. Таа, исто така, повика работниците да бидат обештетени за планираните отпуштања во речиси цела ноќна смена.
Производството во фабриката во Волфсбург се намали за околу 330.000 автомобили во 2021 година поради недостиг на чипови, делумно поради тоа што групата претпочиташе да произведува автомобили со повисоки маржи во други капацитети, додаде Кавало.
„Изборот беше ваш, така што одговорноста е ваша“, изјави таа на раководството на групата.











