Во организација на Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ, СИЗ Македонија сообраќај, денес во Скопје ќе се одржи работилница на тема Поедноставени царински постапки, е-царина и ТИР-ЕПД.
На работилницата ќе се дискутира за олеснувања во спроведувањето на царинските постапки, активностите за олеснување на работењето на транспортните компании, како и испраќање електронски пред-декларации.
Досега Царината и Македонија сообраќај одржаа работилници на тие теми во повеќе поголеми градови низ државата.