Мобилниот оператор Вип по повод својот шести роденден, претставува нова, специјална роденденска тарифа за сите нови и постоечки Вип постпејд корисници.
Со новата промотивна роденденска тарифа Vip 6, која е достапна во текот на месец септември, за месечна претплата од само 499 денари корисниците добиваат неограничен број на минути за разговори кон сите национални мрежи и 100 МБ 3G интернет вклучени во месечната претплата.
Оваа специјална тарифа е достапна без договорна обврска и важи за активации само со СИМ картичка.
“Нашата мисија уште од првиот ден е да донесеме повеќе за нашите корисници, како во однос на понудите, така и за корисничкото искуство и задоволство. Оваа мисија сметам дека доста успешно ја следиме за што говори и постојаниот пораст на нашата корисничка база. Во согласност со оваа филозофија, оваа година, прославувајќи го шестиот роденден, подготвивме уште една извонредна понуда за македонскиот пазар. Ова е нашиот најдраг подарок за вас. Но, побрзајте, како и повеќето специјални нешта во животот и оваа понуда трае ограничено”, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип оператор.
Истовремено, корисниците на промотивениот тарифен модел Vip 6, ќе можат да активираат и неколку дополнителни пакети согласно своите потреби, како што се пакетите за интернет – Surf Plus и Vip Surf 1 GB и СМС пакетот за неограничени СМС пораки кон сите национални мрежи.
Повеќе информации за оваа понуда и Вип, корисниците можат да добијат на веб страната на Вип www.vip.mk или во контакт центарот на телефон 077 1234.