Фински Valmet ќе произведува и Mercedes-AMG GT 4-Door

39

Финскиот Valmet Automotive наскоро ќе започне со производство на Mercedes-AMG GT 4-Door, по договорот со Mercedes.

Партнерството вклучува производство на моделот AMG GT со 4 врати во фабриката Valmet во Uusikaupunki, Финска, од втората половина на 2023 година. Таму ќе се произведуваат верзии со SUS мотори и оние со хибриден погон.

Valmet Automotive веќе започна со подготовка на фабриката за почеток на производството на овој спортски модел, најавувајќи дека ќе го модернизира одделот за бојадисување за да овозможи понуда на „неколку специјални премази“ за автомобилот.

Valmet вели дека во производството на AMG ќе бидат ангажирани околу 200 луѓе, а нема да има нововработени.

„Производството на AMG е исклучително убедлива демонстрација на можностите на Valmet Automotive“, велат од финската компанија.

„Со AMG правиме возила кои бараат посебни вештини и врвен квалитет. И одлично е да се вратиме во производството на спортски автомобили“, додаваат оттаму.

Valmet моментално се занимава со производство на Mercedes А-класа (од 2013 година) и го произведува GLC од јануари 2017 година.

Фото:valmet-automotive