Инфлацијата во Чешка е 17,5 отсто

Инфлацијата во Чешка порасна во јули на 17,5 отсто на годишна основа, што е блиску до рекордот забележан пред речиси 30 години, објави денеска чешкиот завод за статистика.

„Во јули потрошувачките цени се зголемија за 17,5 отсто на годишно ниво, односно за 0,3 процентни поени во однос на јуни“, се вели во соопштението на чешката статистика, која забележува дека потрошувачките цени се зголемуваат 13 последователни месеци, пренесува Тас.
Јулската стапка на инфлација беше највисока од декември 1993 година, кога изнесуваше 18,2 отсто.