Годишната стапка на инфлација во Франција достигна 6,1 отсто во јули, што е највисока од истиот месец во 1985 година, објави во петокот француската агенција за статистика.
Во јуни инфлацијата беше на ниво од 5,8 отсто, јавува Anadolu Agency.
Зголемувањето на инфлацијата произлезе од забрзувањето на цените во секторот услуги кои се искачија на 3,9 отсто од 3,3 отсто во јуни, храната на 6,8 отсто од 5,8 отсто и во помала мера поскапувањето на индустриските производи на 2,7 отсто од 2,5 отсто според Националниот институт за статистика и економски студии.
Цените на енергијата благо забавија на 28,5 отсто од 33,1 отсто.
На месечна основа, потрошувачките цени се зголемија за 0,3 отсто, забавувајќи се од растот од 0,7 отсто во претходниот месец.











