Годишната инфлација во Велика Британија се искачи на двоцифрено ниво за прв пат по 40 години

Годишната инфлација во Велика Британија во јули беше 10,1 отсто за прв пат по 40 години, достигнувајќи двоцифрена стапка, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата за национална статистика на Велика Британија објави дека најголем придонес во зголемувањето на стапката на инфлација имаат домувањето и услугите во домаќинството, транспортот, храната и безалкохолните пијалоци.

На месечно ниво, потрошувачките цени пораснале за 0,6 отсто.

Британската централна банка претходно предвиде дека инфлацијата ќе достигне 13 проценти пред крајот на 2022 година.