Најголем дел од најновите патнички автомобили (стари од две години и помалку) меѓу земјите-членки на Европската унија на крајот на 2020 година е регистриран во Луксембург, каде што се околу 22 отсто од сите патнички автомобили, покажуваат податоците на Евростат.
Се додава дека по Луксембург следуваат Франција, Австрија, Ирска, Белгија и Шведска, кои имаат меѓу 16 и 17 отсто од најновите патнички возила од вкупниот број автомобили.
Исто така, најголем удел на патнички автомобили на возраст од две до пет години е забележан во Луксембург и Ирска (по 28 проценти) и во Белгија (24 проценти).
Од друга страна, најголем дел од најстарите патнички автомобили (20 години и постари) е забележан во Полска (40 проценти), Естонија (33 проценти) и Финска (28 проценти).
Кога се комбинираат двете најстари возрасни категории на возила, најголем дел од патничките автомобили постари од 10 години е регистриран во Литванија (81 отсто), потоа Романија (80 отсто) и Полска (78 отсто).
Ова е во целосна спротивност со Луксембург, кој има само 24 проценти од постарите возила, Ирска (29 проценти) и Белгија (32 проценти), каде што сочинуваат помалку од една третина од сите патнички возила.
Исто така, Евростат забележува дека нема податоци за Бугарија, Грција, Словачка и Исланд.