Петте најголеми воени загуби од почетокот на инвазијата го чинеа рускиот претседател Владимир Путин повеќе од една милијарда долари, проценува „Форбс“.
Најголема и најболна загуба секако е потонувањето на вредниот воен брод „Москва“. Станува збор за предводник на руската Црноморска флота вреден 750 милиони долари, кој потона во април. Украина соопшти дека го нападнала и го потопила бродот, иако Русија соопшти дека пожар на бродот довел до потонување.
Останатите четири големи загуби кои тешко ја погодија Русија се авионите Ил-76 од 86 милиони долари, јуришниот амфибиски брод „Саратов“ од 75 милиони долари, авионите „Су-30СМ“ од 50 милиони долари и авионите „Су-34“ од 40 милиони долари.
Сите овие загуби надминуваат бројка од една милијарда долари.
„Форбс“ пресметал дека од почетокот на војната на 24 февруари до 24 август, Русија изгубила 12.142 парчиња опрема во вредност од 16,56 милијарди долари.
Вкупниот број не ги вклучува руските ракети, додава „Newsweek“.