Со години краделе мотори и менувачи од фабрика на Mercedes, заработиле неколку милиони евра

115

Тројца работници на Mercedes се впуштиле во необичен, но и нелегален потфат. Од почетокот на 2020 година, од фабриката се украдени дури стотина мотори со внатрешно согорување и неверојатни 500 менувачи, сите вредни неколку милиони евра.

Во Mercedes првите неправилности со моторите и менувачите се забележани веќе кон средината на 2020 година и оттогаш полицијата ги следи случувањата во фабриката. Полицијата се уште не открива зошто дури сега реагирала.

Како што неодамна соопштија од јавниот обвинител на Штутгарт и полицијата во Штутгарт, деновиве се уапсени двајца мажи на возраст од 52 години (државјанин на Србија) и 57 години (државјанин на Турција). Како да се направи тоа и како да се извлечеш од овој криминален чин повеќе од две години без да те фатат? Mercedes-Benz очигледно ја открил измамата поради големиот број делови што недостасуваат. Во случајот веќе била вклучена и криминалистичката полиција.

Нивната опсежна истрага на крајот доведе до осомничените. За време на претресот на просториите во Еслинген, Штутгарт и областа Швабиш Хол, како и магацините во Бакнанг, истражителите успеаја да најдат детални докази, вклучително и делови од пленот.