Во државава во јуни годинава вкупно се потрошени 521 750 мегават часови електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436 990 тони јаглен и 97 452 тони нафтени продукти.
Како што објави денеска Државниот завод за статистика, 71,4 проценти од потрошената електрична енергија е од домашно производство, а 97,1 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Во првите седум месеци од годинава АД ЕСМ произведе 2 194 гигават часови електрична енергија што е за 15 проценти повеќе од лани, а зголемувањето на производството, според соопштението од компанијата, се должи, пред се, на зголеменото производство во термоелектраните РЕК Битола и РЕК Осломеј за 40 проценти.
Владата, според најавите, денеска треба да прогласи кризна состојба во енергетиката. Претходно донесе мерки што треба да овозможат заштеда на струја до 15 отсто, а ќе стапат во сила од 1. следниот месец.