Европската централна банка ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки за да ја скроти инфлацијата

Европската централна банка (ЕЦБ) мора да продолжи да ги зголемува каматните стапки за да ја скроти инфлацијата, дури и ако споредниот ефект од заострувањето на монетарната политика ќе биде послаб раст, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард.

„Инфлацијата се врати на 2,0 отсто на среден рок и за таа цел ќе го направиме она што треба, а тоа е да продолжиме да ги зголемуваме каматните стапки на следните неколку состаноци“, рече Лагард на конференција, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека „прва цел“ во однос на зголемувањето на каматните стапки ќе биде постигнување неутрална стапка, која ниту го стимулира ниту го забавува економскиот раст.