Европа рече „не“ на планот на Бајден

Земјите-членки на ЕУ се цврсто против Законот за намалување на инфлацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Министрите за финансии од 27-члената ЕУ разговараа за сеопфатниот американски нацрт-закон, кој американските законодавци го одобрија во август и кој вклучува рекордни 369 милијарди долари трошоци за климатските и енергетските политики.

Отпорот од европските претставници дојде откако Европската комисија соопшти дека има „сериозна загриженост“ за дизајнот на финансиски стимулации во американскиот пакет мерки, пишува CNBC.

„Секој министер (во ЕУ) се согласува дека ова е прашање за загриженост на европско ниво и дека треба да се разгледа кој би бил најдобриот одговор“, рекол официјален претставник на ЕУ за американската телевизија, кој ја следеше дискусијата на европските министри, но сакаше да остане анонимни поради сензитивната природа на прашањето.

Тој додаде дека „постои политички консензус (меѓу 27 министри) дека американскиот план ја загрозува европската индустрија“.

Брисел наведе најмалку девет точки во американскиот закон за дефлација кои потенцијално би можеле да бидат во спротивност со меѓународните трговски правила. Еден од најголемите пречки за Европејците се американските даночни олеснувања за електричните автомобили произведени во Северна Америка. Тоа може да создаде проблем за европските производители на автомобили кои се фокусираат на електрични возила, како што е Фолксваген.