Европската комисија го претстави предлогот за намалување на загадувањето на воздухот кај новите моторни возила што се продаваат во ЕУ, но на таков начин возилата да останат достапни за потрошувачите и да ја промовираат конкурентноста на Европа.
Станува збор за новиот стандард Еуро 7, кој, како што изјави комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон, треба да обезбеди еколошки почисти возила на европските патишта и подобар квалитет на воздухот.
Предлогот е дел од спроведувањето на Европскиот зелен договор за нула загадување.











