БМВ соопшти дека ја зголемила својата планирана инвестиција во фабрика за електрични возила (ЕВ) во изградба во Унгарија на повеќе од две милијарди евра (2,9 милијарди долари) и додаде дека ќе изгради фабрика за монтажа на батерии со висок напон од 500 милиони евра.
Производителот на автомобили претходно соопшти дека ќе потроши повеќе од 1 милијарда евра за фабриката во Дебрецен, која треба да се отвори во 2025 година и да го зголеми производството на 150.000 автомобили годишно.
Унгарската влада ќе обезбеди 13,5 милијарди форинти (33,92 милиони долари) неповратни субвенции за дополнителната инвестиција, изјави министерот за надворешни работи Петер Сјјрото на прес-конференција, пренесува Ројтерс.
Блиската врска помеѓу склопувањето на батерии и производството на возила е дел од нашата стратегија, рече Маркус Фалбоемер, виш потпретседател за производство на батерии во BMW.