Тајванската компанија HTC ќе отпушта 20% од вработените во американските подружници, поради подобрување на ефикасноста и оптимизација на работењето, што треба да и помогне да зачекори во нова фаза на раст и иновации, по неколку години агресивен раст, јавува Ројтерс.
HTC во САД има околу 150 вработени. Оние што ќе бидат отпуштени, ќе им бидат на располагање сите ресурси за полесно да го премостат патот до следното вработување, велат од компанијата. И покрај отпуштањата, од компанијата најавија дека ќе продолжат да вработуваат луѓе на стратешки позиции.
Продажбата на HTC оваа година се намали за 31,5% во споредба со минатата година, поради недостаток на компоненти на почетокот на годината и позицијата на пазарот на паметни телефони, кој е блиску до презаситеност.
HTC глобално вработува 17.000 работници.