Годишната инфлација во Германија благо се намали во ноември на 10 отсто, наспроти 10,4 отсто во октомври, јавува Anadolu Agency (AA).
Високата инфлација забави благодарение на благиот пад на цените на енергенсите, изјави Георд Тиел, директор на Федералниот завод за статистика.
– Гледаме зголемување на цените и на другите стоки, покрај енергетските производи. Она што стана особено забележливо за домаќинствата е континуираното поскапување на храната – додаде Тиел.











