Кинески супермаркет ќе им конкурира на Алди, Лидл, Реве во Германија – со нов концепт

313

Кинески супермаркет доаѓа во Германија, кој може да стане сериозен конкурент на Алди, Лидл и Реве. Многумина веруваат дека овој синџир ќе ја освежи германската трговија со иновации.

Според „Lebensmittelzeitung“, филијалата „Ochama“ на JD.com сака да се прошири во Германија. Наскоро се отвораат првите филијали во градовите во Германија, пишува магазинот Феникс.

Но, што ја прави „Ochama толку иновативна?

Кинеска компанија нуди нов тип на систем за намирници „кликни и собирај“ кој во основа е многу едноставен. Клиентите  ја нарачуваат стоката што ја сакаат, а стоката се доставува до филијалата Очамa, каде што може да се подигне.„ Платете, скенирајте го QR-кодот и земете ја стоката со вас“, – принципот е толку едноставен.

Предноста на ова е работното време, кое е наменето да им понуди на клиентите поголема флексибилност во споредба со другите трговци. Згора на тоа, Очама сака да нуди и непрехранбени производи, како електронски уреди, покрај намирници. Како што соопшти самата компанија, во Германија се отвораат девет продавници. Но, само клиентите во Северна Рајна-Вестфалија можат да се радуваат на новата услуга.

Во Европа, овој кинески трговец моментално има филијали само во Холандија.