Граѓаните на Германија и 21 година по воведувањето на еврото чуваат германски марки во вредност од 12,3 милијарди марки, објави во петокот германската централна банка.
„Германија е една од шесте земји во еврозоната што може да ги менува и банкнотите и монетите од старата валута во евра на неодредено време“, рече Јоханес Берман од германската централна банка (Дојче Бундесбанк).
Тој рече дека годинава е зголемен обемот на разменети марки во евра, што е поврзано со тоа што филијалите на централната банка беа затворени за трансакции со клиенти за време на пандемијата.
На крајот на ноември, количеството на банкноти и монети од германски марки кои сè уште ги поседуваат граѓаните се проценува на 12,3 милијарди марки или 6,29 милијарди евра.
Германија го воведе еврото како платежно средство на 1 јануари 2002 година.
Неодамна, граѓанин, наследувајќи го својот татко, во градината гномови пронашол монети од стара валута во вредност од 26 евра. Многу повеќе (637.000 марки) во заборавениот сеф на семејната компанија пронашол брачен пар од Манц.
Експертите проценуваат дека голем дел од непроменетите марки сè уште се наоѓаат во странство.











