Италијанските здравствени власти ќе започнат со тестирање на сите пристигнувања од Кина за коронавирус, откако беше откриено дека речиси половина од патниците на двата лета за Милано се заразени.
Италијанското Министерство за здравство објасни дека истражува дали некои нови варијанти на Ковид-19 доаѓаат од Кина. Доколку се открие нов вид, официјалните лица би можеле да воведат построги ограничувања за патување од Кина, пренесува Блумберг.
Во Кина има епидемија, а тамошната влада ја напушти политиката на нулта толеранција за Ковид-19. Неизвесноста за степенот на ширење на вирусот доведе многу земји да размислуваат за нови ограничувања за влез од таа земја.
Германските здравствени власти „внимателно ја следат“ ситуацијата во Кина, објави Министерството за здравство на земјата.
Портпаролот на министерството рече дека нема индикации дека во Кина се развила поопасна мутација што ќе доведе до прогласување област со варијантен вирус, што ќе резултира со соодветни ограничувања за патување.
Регионалниот началник за здравство во Милано рече дека аеродромските власти ги тестирале патниците во два авиони кои пристигнувале од Пекинг и Шангај.
Стапката на вакцинација во Италија е повисока од 80 проценти, според Светската здравствена организација.











