Интервју со Василев: ИутеКредит е подготвена за предизвиците кои претстојат, очекуваме умерен раст на нашето портфолио и клиенти

Макроекономската состојба во земјава не е на најдобро ниво, пред сé како резултат на војната во Украина. Стапката на инфлација мерена преку трошоците за живот во третиот квартал од 2022 година забележа раст од 19% што претставува највисоко ниво во изминатите 25 години. Дополнително, стапката на екононмски раст во третиот квартал од 2022 година изнесуваше скромни 2%, додека трговскиот дефицит за 2022 година ќе надмине 3 милијарди евра. Овие податоци упатуваат на можност Народната Банка да продолжи со затегање на монетарната политика изразено преку пораст на каматната стапка на благајничките записи. Сето ова значи дека во 2023 година цената на чинење на парите ќе продолжи да се зголемува (можеби со поумерено темпо), вели во интервју за Бизнис Инфо Горан Василев, извршен директор во ИутеКредит.

Ваквата анализа, според него, упатува на можно забавување на темпото на раст на клиентите на финасиските друштва, што значи во 2023 година неопходно е Финансиските друштва да бидат внимателни во имплементирањето на своите деловни политики.

-Ние во ИутеКредит сме подготвени за предизвиците кои претстојат и очекуваме умерен раст на нашето портфолио и клиенти, посочува тој.

На прашањето дали нивните провизии се „лихварски“, Василев е категоричен дека исклучително важно е да се избегне генерализирање на трошоците преку провизии.

-Во кредитните продукти постојат повеќе видови на различни трошоци кои си носат свои специфики и истите се застапени во било кој кредитен продукт, без разлика на институцијата која го дава. Второ, потребно е да се направи разлика помеѓу примарните трошоци (оние кои се дел во договорот за кредит) и дополнителните (оние кои се случуваат по потпишување договорот за кредит). За жал, овој вториот вид на трошоци е неадекватно применуван од страна на дел од друштвата, со што се создава лошо корисничко искуство и можност за нарушување на репутацијата на нашата индустрија, изјави извршниот директор.

За тоа како се справуваат со „наплаќачите, Василев истакна дека ИутеКредит пред секое одобрување на своите услуги (кредити), прави задолжителна кредитна анализа, со која се потврдува кредитната способност на клиентот.

-Кредитната анализа опфаќа верификација на вработувањето на клиентот (кредити на невработени лица не се одобруваат), проверка на кредитната историја во Македонскаото Кредитно Биро, пришто особено внимание посветуваме на заштитата на личните податоци како и запазување на процедурите кои ги бара Законот за Спречување перење пари и финасирање тероризам. Ваквата процедура овозможува нашето кредитно портфолио да биде здраво, а стапката на проблематични кредити (Non performing loans), да биде под 10%, односно блиску до соодветните стапки во Банкарскиот сектор, додава тој во интервјуто за БИ.

Како се справувате со конкуренцијата и по што се разликува ИутеКредит Македонија од останатите компании во вашиот сектор?

-Стратешка определба на ИутеКредит отсекогаш била инвестирање во и воведување на најнови технолошки решенија со кои се овозможува брз и едноставен пристап до финансиски средства. Ние сме особено горди што сме и единствено не-банкарско финансиско друштво во регионот кое издава Мастеркард картичка преку која клиентите можат во секое време да си ги користат своите средства, како и сопствена мрежа на бескартични АТМ-и, со што се овозможува, не само избор во исплатата на кредитите, туку и флексибилност во секое време.

Нашата понуда исто така нé прави различни. Клиентите можат да добијат потрошувачки кредити во висина до 240.000 денари и до 48 рати или наменски кредит во висина до 150.000 денари и до 36 рати рамки на нашата партнерска мрежа која брои преку 300 продажни места во државата.

ИУТЕ кредит е и единствено друштво кое користи Апликација односно овозможува користење на мобилните телефони преку интерфејси (Apps) за пристап до финасиските услуги, со што достапноста до услугите на ИУТЕ Кредит значително се забрзува.

Во време на општа криза, какви резултати очекувате за 2022 година?

-2022 беше година полна со предизвици и неизвесност. И покрај општата кризна состојба ние сме задоволни од резултатите и добивката која ја очекуваме.

За 2022 година очекуваме кредитното портфолио да оствари раст од 562 мил.денари (9 мил.еур) што е за 45% повеќе во однос на минатата година.

Приходите го следат растот на портфолиото и за 2022 година очекуваме да достигнат ниво од 860 мил. денари (14 мил. еур) и со тоа да остварат раст од 28% во однос на минатата година.

Бројот на корисници за вашите услуги се чини се зголемува. 120 илјади луѓе во 2021 година земале „брзи пари“од финансиски друштва како вашето – повеќе од 100,000 отколку во 2015 година. Очекувате ли зголемување на оваа бројка и што ја детерминира земјава како „плодна почва“за вашите услуги?

-Макроекономската состојба во Република Македонија во моментов не е на најдобро ниво, пред сé како резултат на војната во Украина. Стапката на инфлација мерена преку трошоците за живот во третиот квартал од 2022 година забележа раст од 19% што претставува највисоко ниво во изминатите 25 години. Дополнително, стапката на екононмски раст во третиот квартал од 2022 година изнесуваше скромни 2%, додека трговскиот дефицит за 2022 година ќе надмине 3 милијарди евра.

Овие податоци упатуваат на можност Народната Банка да продолжи со затегање на монетарната политика изразено преку пораст на каматната стапка на благајничките записи. Сето ова значи дека во 2023 година цената на чинење на парите ќе продолжи да се зголемува (можеби со поумерено темпо).

Ваквата анализа упатува на можно забавување на темпото на раст на клиентите на финасиските друштва, што значи во 2023 година неопходно е Финансиските друштва да бидат внимателни во имплементирањето на своите деловни политики. Ние во ИутеКредит сме подготвени за предизвиците кои претстојат и очекуваме умерен раст на нашето портфолио и клиенти.

Дали сметате дека провизиите кои ги наметнувате на кредитобарателите се преголеми, некои дури ги нарекуваат „лихварски“? Пример за земени 90.000 денари, за 24 месеци треба да се вратат над 140.000?

-Исклучително важно е да се избегне генерализирање на трошоците преку провизии. Во кредитните продукти постојат повеќе видови на различни трошоци кои си носат свои специфики и истите се застапени во било кој кредитен продукт, без разлика на институцијата која го дава.

Второ, потребно е да се направи разлика помеѓу примарните трошоци (оние кои се дел во договорот за кредит) и дополнителните (оние кои се случуваат по потпишување договорот за кредит). За жал, овој вториот вид на трошоци е неадекватно применуван од страна на дел од друштвата, со што се создава лошо корисничко искуство и можност за нарушување на репутацијата на нашата индустрија.

Што се однесува до самата висина на трошоците, таа е јасно дефинирана со Закон и доколку индустријата е навремено и често контролирана, не би постоел простор за нетипично високи трошоци. На крај, би спомнале дека трошоците на кредитите се дефинираат и врз основа на ризиците. Па така, со нашата флексибилна кредитна политика доаѓаат и поголеми ризици.

Треба ли промена во законската регулатива, со која трошците за враќање на заемите не смеат да надминат 50% од главницата?

-Подобрување на законската регулатива секако е добредојдена, а Министертвото за финансии веќе подготви нов Закон за финансиските друштва кој наскоро треба да помине во Собранието. Согласно измените на Законот, се поставуваат ограничувања на дел провизиите кои ги наплаќаат финансиските друштва, а во насока на заштита на нашите клиенти.

Министерството за финансии извести дека донесувањето на измените на Законот за финансиски друштва е во застој, но каде според вас најмногу треба да се направат измени?

-Измените во Законот за финансиски друштва треба да бидат во насока на овозможување на примена на иновациите во технологијата во финансиите вклучувајќи примена на алгоритми на вештачка интелигенција како и на технологии базирани на облак (cloud) коишто требат да го зајакнат и автоматизираат пристапот и употребата на постоечките финансиски услуги. Примената на напредната технологија ќе овозможи конкуренција во платниот промет, трансферот на пари, финансискиот консалтинг и останатите финансиски услуги, а со цел поквалитетни услуги за потрошувачите.

Дополнително, важно е да се зајакне капацитетот на Министерството за финансии во насока на доследно спроведување на Законот од страна на финансиските друштва.

Како се справувате со „наплаќачите“? Која е најголемата сума која е земена досега, а не ви била вратена?

-ИутеКредит пред секое одобрување на своите услуги (кредити), прави задолжителна кредитна анализа, со која се потврдува кредитната способност на клиентот. Кредитната анализа опфаќа верификација на вработувањето на клиентот (кредити на невработени лица не се одобруваат), проверка на кредитната историја во Македонскаото Кредитно Биро, пришто особено внимание посветуваме на заштитата на личните податоци како и запазување на процедурите кои ги бара Законот за Спречување перење пари и финасирање тероризам. Ваквата процедура овозможува нашето кредитно портфолио да биде здраво, а стапката на проблематични кредити (Non performing loans), да биде под 10%, односно блиску до соодветните стапки во Банкарскиот сектор.

Диверзификацијата на ризикот преку одобрување на мали износи на кредити на голем број клиенти, дополнително придонесува за финасиска стабилност и одржливост на ИутеКредит.

Од 16 контролирани фирми за брзи кредити, во 10 имало неправилности. Кај две финансиски друштва се изречени само мерки – наредби за отстранување на неправилностите, а кај 8-те друштва кај кои се констатирани неправилности, изречени се вкупно 13 глоби во вкупен износ од 16.000 евра. Се служат ли финансиските друштва со „валкани трикови“ за да привлечат нови клиенти?

-Нашите анализи покажуваат дека најголем дел од финансиските друштва се обидуваат со најразлични трикови да ги изиграат Законите и наплатат дополнителни провизии од своите клиенти. Со ваквите постапки, финансиските друштва ризикуваат да добијат казна од Министерството за финансии, како и одземање на лиценцата за работа. Дополнително, сите овие екстра трошоци можеби даваат резултати на краток рок, но на долг рок секако претставува погубна политика, која клиентите ја препознаваат.

Кои се приоритетие на ИутеКредит за 2023 година?

-2023 продолжуваме со нашата стратешка определба да воведуваме најнови технички решенија кои ќе ги прават нашите услуги уште поедноставни и брзи. Воедно, 2023 ќе помине во знакот на воведување на два клучни нови сегменти во нашето работење: (1) Платежни услуги, благодарение на законските измени кои стапуваат на сила на 01.01.2023, ИутеКредит ќе започне процес на воведување на портфолио на услуги во делот на платниот промет и (2) Осигурителни услуги, благодарение на ново-оформеното друштво ИутеСејф, со што би им овозможиле на нашите клиенти дополнителни услуги/продукти од областа на осигурувањето.

В.З.