АХВ: Во Македонија нема небезбедна храна за доенчиња

267

bebivita-baby-rangeИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) по направената контрола констатираа дека на домашниот пазар не е увезена храна за доенчиња од спорните небезбедни пратки на производителот Бебивита.

Од Агенцијата велат дека и покрај тоа што досега немаат добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската унија, тие спровеле контрола на пазарот според која производите Бебивита преработена храна на база на житарки – млечна кашичка од гриз за доенчиња по навршени 6 месеци (MAN 751434), со ознака на шаржата: 140790 и рок на траење до 30.09.2014 година не се небезбедени.

“Агенцијата за храна и ветеринарство преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на Европската Унија, секојдневно добива известувања за навремена детекција на опасностите кои ја загрозуваат безбедноста на храната и храната за животни, со цел преку брза и ефективна размена на информации, доколку се јави потреба, веднаш да се реагира преку преземање на потребните мерки за безбедност”, велат од Агенцијата.