Твитер пријави пад од 40 отсто

130

Компанијата Твитер пријави пад од околу 40 отсто во однос на претходната година и на приходите и на прилагодената заработка за месец декември, пренесува Ројтерс.

Извештајот, како што се наведува, доаѓа откако неколку огласувачи ги намалија трошоците на платформата откако Илон Маск ја презеде компанијата на 27 октомври минатата година.

Ова резултираше со 71 процент пад на трошоците за рекламирање на Твитер во текот на декември, според податоците од компанијата за рекламно истражување Standard Media.

Ројтерс во текстот наведува дека Твитер не одговорил на нивното барање за коментар.

Маск, кој предупреди на можноста за банкрот на Твитер во ноември, изјави во декември дека компанијата е на пат да биде „приближно рентабилна“ во 2023 година.

Твитер, пишува Ројтерс, ја плати првата рата од каматата во јануари за заемот што го дадоа банките за да му помогнат на милијардерот Илон Маск да ја купи компанијата минатата година.