Трето „големо“ заминување од Карлсберг: Се повлече првиот човек на данскиот гигант

171

Извршниот директор на Carlsberg, Сист Харт одлучи да се пензионира по осум години. По оваа објава на данскиот пивски гигант, паднаа акциите на компанијата.

„Со оглед на неговата добра репутација и недостатокот на јасен наследник, денешните вести ги сметаме за негативни“, велат аналитичарите на JP Morgan, пренесе Ројтерс.

Донесен во 2015 година, делумно за да помогне во заживување на слабите продажби во нејзиниот оддел во Источна Европа, вклучително и Русија, Харт успешно ја надгледуваше стратегијата SAIL’22 на Carlsberg, која се фокусираше на намалување на трошоците и подобрување на продажбата на неколку врвни брендови на пиво.

„Харт постигна извонредни резултати за време на неговиот престој во Карлсберг“, рече претседателот на Надзорниот одбор Хенрик Поулсен.

Трето заминување за една година

Заминувањето на Харт е трето „големо“ заминување оваа година по ред кога станува збор за оваа компанија. Пред него тоа го направија поранешниот претседател Флеминг Безенбахер (пензиониран) и финансискиот директор Хајне Далсгард. Заминувањето на Харт сепак е изненадување за сите. И како што беше најавено, потрагата по наследник е во тек.

„Беше привилегија да го водам Карлсберг во последните осум години. Неизмерно сум горд на организацијата и резултатите што ги постигнавме како тим“, изјави Харт за веб-страницата на компанијата.

Тој додаде дека фактот што ќе остане во Карслберг уште неколку месеци ќе придонесе за завршување на продажбата на руските операции на компанијата пред летото.

„Веќе сега сакам да ја искористам можноста да им се заблагодарам на сите вработени, клиенти, партнери и засегнати страни за соработката, довербата и заедничките успеси. Му посакувам сè најдобро на Карлсберг и на сите негови големи луѓе во иднина“.

Фото: Facebook