Индија како нова Кина за Apple

91

Apple го реструктуира менаџментот на своите меѓународни бизниси за да стави поголем фокус на Индија, каде побарувачката е зголемена. Оваа промена треба да ја издвои Индија како посебен продажен регион.

Apple одлучи да се промени, според неименувани извори на Bloomberg кои посочуваат дека промената се уште не е официјализирана, по пензионирањето на директорот за регионот на Индија, Блискиот Исток, Медитеранот, Источна Европа и Африка. Сега компанијата промовира нов директор кој ќе биде одговорен само за Индија.

Американската компанија забележа рекорден приход во Индија во последниот квартал, иако нејзината вкупна продажба падна за пет проценти.

Apple создаде онлајн продавница за да му служи на регионот и планира да ги отвори своите први малопродажни продавници во Индија подоцна оваа година.

„Во основа го земаме она што го научивме во Кина пред неколку години и го спроведуваме. Кина моментално генерира околу 75 милијарди долари годишно за Apple, што ја прави најголемиот продажен регион на компанијата по Америка и Европа“, изјави извршниот директор на американската компанија, Тим Кук.

Покрај тоа што служи како мотор за продажба на компанијата, Индија станува клучна за развојот на производите на Apple. Клучните добавувачи се селат во Индија, а Apple соработува со Foxconn на поставување нови производствени капацитети за iPhone.