Бензините поевтинуваат за четири, дизелите за 1,5 денари

41

0002xypbОд ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат за четири денари, а цената на дизел горивата се намалува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ).

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,01, односно за 2,83%.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 71,50, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 60,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,554 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  кој сега ќе чини 42,220 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,988% пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар во изаминатите 14 дена и за 0,99% понискиот курс на доларот во однос на денарот.