
По падот што го доживеаја криптовалутите минатиот викенд, но и подолг период во изминатиот период, деновиве владее вистинско освежување на крипто пазарот.
Вредноста на Биткоинот утрово е 28.186 долари. Овој вид на раст на Биткоин последен пат беше забележан пред 9 месеци. Eтереумот е 1.802 долари.
Катализаторот за новиот раст дојде во форма на податоци за билансот на состојба преку ноќ на Федералните резерви, кои покажаа дека речиси 300 милијарди долари биле инјектирани во економијата како дел од одговорот на банкарската криза.
Цената на златото утрово вртоглаво порасна на 2.006 долари за унца.
Фото: Pixabay











