Од компанијата Apple вчера објавија дека во текот на првиот викенд се продадени дури девет милиони нови iPhone 5S и iPhone 5C. Со тоа компанијата го надмина претходниот рекорд што минатата година го постави iPhone 5, кој во првиот викенд од продажбата беше продаден во пет милиони примероци.
Apple не наведува колкав е соодносот во објавените резултати, но други извори наведуваат дека голема предност има моделот iPhone 5S, кој е скоро три пати повеќе продаван од поевтиниот iPhone 5C.
Apple соопшти и дека нивниот нов оперативен систем за мобилни iOS 7 веќе е инсталиран на преку 200 милиони уреди.