ДЗС: Во 2022 година 1.590 магистри, најмногу по бизнис, администрација и право

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1883 лица, од кои 1590 или 84.4 % се магистри и 293 или 15.6 % се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2021 година, е намален за 4.7 %.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки, во 2022 година е 61.3 %.

Во 2022 година, најголем број од магистерските трудови, 611 или 38.4 %, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 18.5 % се од областа на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 15.1 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Лани сме добиле 197 нови доктори на науки

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица, што претставува намалување за 2 % во споредба со 2021 година.

Најголем број од лицата, 31.0 %, докторирале во здравството и социјалната заштита, потоа 17.8 % во бизнисот, администрацијата и правото, следат општествените науки, новинарството и информирањето со 10.2 %, уметноста и хуманистичките науки со 9.1 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.

99 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2022 година, што претставува 50.3 % од вкупниот број лица што докторирале во истата година.

Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 25.9 %, ја вршат својата професија во дејностите на здравствената и социјалната заштита.

Фото: Pixabay