Најави: Цените на малите електромобили и бензинците наскоро ќе се изедначат!

87

Цените на помалите модели на електрични возила ќе паднат до средината на деценијата и ќе бидат конкурентни на автомобилите со мотори со внатрешно согорување во Европа и Северна Америка, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Значи, најмногу – бензински, бидејќи дизелите во малите автомобили се ретки. За поголемите автомобили како теренци и пик-ап, паритетот на цените ќе дојде подоцна, веројатно во следната деценија.

Глобалната продажба на електрични возила се очекува да порасне за 35 отсто оваа година, на вкупно 14 милиони, соопшти организацијата со седиште во Париз. Тоа сочинува 18 отсто од пазарот на патнички автомобили, од само 4 отсто во 2020 година.

Кина веќе забележа пониски цени за некои помали електрични модели во споредба со нивните еквиваленти на мотори со внатрешно согорување.

Фото: Pixabay