Некои започнале бизнис на 19 години, но некои дури по 60 години: Верувајте, никогаш не е доцна

Светската статистика вели дека не мора да „почнете бизнис“ до 30-тата година за да бидете успешни

Од Бил Гејтс, основачот на Мајкрософт, кој започнал бизнис пред да наполни 20 години, до полковникот (Харланд) Сандерс, кој бил одбиен безброј пати – за конечно да започне ресторан KFC на 65-годишна возраст.

Основачот на популарниот синџир за пржено пилешко во Кентаки, бил во седмата деценија кога го создал брендот „Kentucky Fried Chicken“ кој е основан во раните педесетти години, дури и неколку години пред познатиот Мекдоналдс.

Пред да започне сопствен бизнис, Сандерс работел на бензинска, потоа како пожарникар и продавач на осигурување. Тој верувал дека човекот мора да го сака она што го прави.

Прв на листата е Бил Гејтс, а по него е Марк Цукерберг кој исто како и Гејтс започнал бизнис на 19 години, односно додека сè уште студирал.

Волт Дизни имал 21 година, исто како и Стив Џобс, а Лери Пејџ „влегува“ во бизнисот со Google на 25 години.

Џек Ма ја основал Alibaba непосредно пред да наполни 30 години, додека Елон Маск имал токму толку кога почнал да ги создава своите компании. Тоа се SpaceX, Tesla….

Опра Винфри се збогатила  на 32 години, додека модната дизајнерка Вера Ванг веќе имала 40 години, што важи за „подоцна“ во деловниот свет.