Уште една земја заинтересирана за придружување во БРИКС

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро изјави дека неговата земја е заинтересирана да стане членка на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка).

„Ако нѐ прашаат дали Венецуела сака да биде дел од БРИКС, ние велиме дека сакаме да бидеме скромен дел од БРИКС и да бидеме во чекор со променливата геополитичка ситуација“, рече Мадуро на заедничката прес-конференција со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула де Силва, пренесува Тас.

Тој додаде дека БРИКС може да помогне во консолидирањето на јужноамериканските нации и дека организацијата „како магнет привлекува држави кои сакаат мир и соработка“.

„Повеќе од 30 земји веќе аплицираа за членство во БРИКС“, рече Мадуро. Бразилскиот претседател, од друга страна, рече дека ќе ја поддржи кандидатурата на Венецуела.