Најмногу слободни работни места во услужни дејности и продажба

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.91 %.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.70 % има секторот Л – Административни и помошни услужни дејности, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација во кој изнесува 0.45 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.20 %.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.93 %.

Најголем број на слободни работни места, односно 2 568, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.