Христина Џамбазовска Анастасов-нов Генерален Директор на Триглав Осигурување Живот АД Скопје

138

Друштвото за осигурување Триглав Осигурување Живот АД Скопје по добиената согласност од Агенцијата за супервизија во осигурување, доби нов Генерален Директор и Извршен член на одбор на директори, Г-ѓа Христина Џамбазовска Анастасов која по повеќе од една деценија искуство на клучни секторски позиции во осигурителниот сектор ја презема водечката позиција во компанијата.

Најважната алка во мојот мандат, а согласно стратегијата на Групацијата Триглав е поврзување на компанијата со клиентот на едно поинакво ниво и обезбедување на максимална грижа и стекнување на меѓусебна доверба. Верувам во реализација на поставените цели и во текот на моето раководење ќе стремам кон тоа да обезбедиме стабилност, и задоволство на секој корисник и вработен во Триглав Осигурување Живот АД Скопје-изјави Христина Џамбазовска Анастасов.

Триглав Oсигурување Живот АД Скопје е друштво дел од Групацијата Триглав кое последните неколку години стана препознатлив бренд и направи огромни поместувања на пазарот на животното осигурување. За петгодишниот период на своето постоење успеа да направи одлични резултати, а последните две години е препознатливо по најголем број на продадени полиси за осигурување на живот. Своето портфолио Триглав Живот го надополни своето портфолио со  неколку нови производи со што го доби епитетот друштво-иноватор на полето на осигурување.