Фото: Pixabay
Конечно се чувствувате успешни? Не се опуштајте премногу. Постојат работи што со време можат да му наштетат на успешниот бизнис, без никој да знае кога, зошто и како тоа ќе се случи. Еве кои работи ги издвои Inc.com како потенцијална закана за бизнисот:
Гордост
Маршал Голдсмит во насловот на својата книга Тоа што те донесе овде нема да те однесе таму (What got you here won’t get you there) кажува се. Дури и најуспешните директори (особено најуспешните) ги немаат сите потребни вештини денес за предизвиците на иднината. Кога последен пат сте го смениле мислењето за начинот на водење на бизнисот? Кога последен пат тренер или ментор ве предизвикал да се соочите со вашите менаџерски или лидерски способности што се успале? Кога последен пат сте се откажале од некаков процес, систем или состанок затоа што му поминало времето? Кога последен пат некој ви кажал дека тотално грешите во поглед на некоја работа и бил целосно во право? Ако одговорот на било кое од овие прашања е “толку одамна што не можам да се сетам”, тогаш шансите да ви се распадне бизнисот се големи.
Мрзеливост
Водењето бизнис е тешко. Да беше лесно, сите ќе се го прави тоа. Проблемот е во тоа што успехот често наведува да заборавиме на овој факт, па убедени дека сме ја нашле “магична формула”, почнуваме да работиме автоматски. Водењето бизнис е тешко, затоа бизнисмените не само што мораат да работат напорно, туку мораат и да мислат на се. Има многу примери на пропаднати бизниси затоа што сопствениците не размислувале доволно околу тоа што, каде и кој може да биде закана за нивниот бизнис.
Отсутност
Од сите тивки убијци, ова е најтешко за гледање: Кога бизнисмен достигнува ниво на успех што му отвора се повеќе и повеќе можности и тогаш наместо да прави добро една работа, почнува да работи неколку работи одеднаш. Ова е особено болно затоа што се случува од најдобри намери. Бизнисменот сака да постигне се, да се појави секаде, а нивото на перформанси опаѓа затоа што не може целосно да е инволвиран, фокусиран во се и присутен секаде.
Вуди Ален вели дека 95% од успехот е во присутноста. Појавување во секој смисол на зборот – физички, ментално и емоционално. Ако имате навика да доцните на состаноци или да заминувате порано од нив, ако никогаш немате време да ја прочитате позадината на некоја важна одлука или постојано им велие на луѓето “да прејдат на главното”, тогаш не сте присутни. Не онака како што треба.