Низ светот минатата година беше произведено повеќе пиво од очекуваното. Глобалното производство се зголеми за 1,3 отсто, на 1,89 милијарди хектолитри, објави во вторникот во Нирнберг најголемиот светски снабдувач на хмељ, BarthHaas.
На прво место е Кина со 360,4 милиони хектолитри, потоа САД со 194,1 милиони, Бразил со 147,4 милиони и Мексико со 141 милион, а на петто место е Германија со 87,8 милиони хектолитри, но и со раст од 2,8 отсто, што е над светскиот просек.
Овие пет земји покриваат речиси половина од светското производство на пиво.