Српската влада со нови мерки ќе ја опоравува економијата

39

lazar krsticПлатите во јавниот сектор во Србија поголеми од 525 евра ќе се намалат за 20%, а оние над 875 евра ќе се намалат за 25%, најави министерот за финансии Лазар Крстиќ.

Ова е само дел од пакетот мерки што денеска во Владата на Србија ги претстави министерот Крстиќ, со кои се планирани заштеди во државниот буџет, фискална стабилност и економски раст.

Покрај намалување на платите, предвидено е зголемување на данокот на додадена вредност од 8% на 10%, штедење во јавниот сектор, односно намалување на трошоците за 10%, користење на поевтини кредити, намалување на субвенциите и реструктуирање и подобрување на деловниот амбиент.

Во план е да се спроведат и системски реформи, односно реформи во државните управи – воведување на единствени платни класи и коефициенти меѓу различни органи во власта и реформи во даночниот систем – укинување на олеснувањето за данок на добивка на претпријатијата.