Бугарската влада ќе крати 10% од вработените во јавната администрација следната година, потврди премиерот Пламен Орешарски. Тој и вицепремиерот Даниела Бобева појаснуваат дека кратењата се должат на ограничениот буџет, пишува Днес.
Орешарски изјави дека намалувањето на бројот на вработени во јавната администрација се наметнува поради недостигот на средства во нацрт-буџетот за следната година.
Вицепремиерот Даниела Бобева беше категорична дека буџетот и ограничувањата нема да ја ограничат најважната функција на администрацијата – контролната.
“Важно е да се осигура дека државата ќе ги исполни контролните функции”, изјави Бобева.
Таа појасни дека се подготвува програма за административна реформа.