Фирмата Springfield Armory ги повлече од американскиот пазар пиштолите Springfield XD-S со 9-милиметарски калибар и 45ACP. Се работи за хрватски пиштоли што ги произведува фирмата ХС Продукт од Карловац, а Springfield Armory ги продава во САД.
Пиштолите се повлечени поради конструкциска грешка, која во многу ретки случаи би можела да биде опасна. Можно е пиштолот случајно да пукне при полнење или да испука два куршуми наместо еден, пренесуваат хрватските медиуми.
Springfield Armory напоменува дека шансите да се случи нешто вакво се многу мали, но сепак ги повика купувачите да се јават за да се вградат нови компоненти во пиштолите што ќе ја елиминираат оваа грешка.
Пиштолот XD-S .45 ACP е нов производ на ХС Продукт и минатата година беше прогласен за пиштол на годината во САД.